Македонија заврши на седмото место на Европското екипно првенство – трета лига кое викендов се одржа на Малта.
Македонската атлетска репрезентација по завршени 40 дисциплини заврши на седмата позиција со освоени 179 бодови, во конкуренција на десет земји.
На вториот натпреварувачки ден Македонците немаа резултат за првите три позиции, но своите најдобри резултати ги потврдија и повторија, Дрита Ислами, Милан Велковиќ, Валбона Селими, а 4. место успеаја да освојат Андијана Поп Арсова и Мартина Мироска. За жал поради повреда не настапи Дарио Ивановски.
На првиот натпреварувачки ден, Дрита Ислами на 400 метри со пречки имаше време од 59.69 секунди, со кое уште еднаш истрча под нормата за Европското првенство во Бидгошч, Полска. Нов национален рекорд постави Марија Стојановска на 3000 метри-стипл, трчајќи со време од 12:09.82 минути.
Репрезентациите на Луксембург и на Босна и Херцеговина, како две првопласирани екипи, се пласираа во Втората лига за следната сезона, а на следното Европско екипно првенство во Третата лига во 2019 година ќе учествуваат Исланд и Молдавија кои испаднаа од втората група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА