Македонија со пад на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пад од две места на најновата ФИФА ранг-листа и сега се наоѓа на 64. место. „Црвено-жолтите“ одиграа четири натпревари во јуни во Лигата на нации во кои запишаа две победи (Гибралтар) и по едно реми (Бугарија) и пораз (Грузија).

Од ривалите на нашата репрезентација во Лигата на нации, најдобро рангирана е Бугарија која е 74. фудбалска сила на светот. Грузијците во моментов се наоѓаат на 82. место, додека Гибралтар е 201.

На врвот на ранкингот Бразил е прв пред Белгија и Аргентина, а во топ 5 уште се наоѓаат и Англија и Шпанија.

Се вчитува...