Македонија со Радески, Трајковски и Пандев ќе го напаѓа Лихтенштајн

Македонската репрезентација, согласно најавите, со променет офанзивен ред ќе стартува против Лихтенштајн во второто коло од квалификациите за СП 2022 на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски ќе напаѓа, сепак, со капитенот Горан Пандев во офанзивата поддржан од Марјан Радески и Александар Трајковски на страничните позиции.

Во средниот ред ќе бидат Барди, Спировски и Елмас, а во дефанзивата Ристовски, Муслиу, Ристевски и Алиоски пред голманот Столе Димитриевски.

Се вчитува...