Македонската репрезентација е украдена во Дуисбург. Очигледен пенал во 76. минута не беше досуден за Македонија по играта со рака пред својот гол на Емре Чан.
Енис Барди изведе корнер од левата страна, пред голот на Германците во скок Дарко Велковски, а топката која одеше кон голот на Тер Штеген, со рака ја запре Емре Чан. Но за рускиот судија Сергеј Карашев немаше удар од белата точка!?
Залудни беа потоа протестите на македонските репрезентативци. А, капитенот Горан Пандев заработи и жолт картон за приговор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА