Македонци од Германија еуфорично ги поздравија хероите пред стадионот во Дуисбург (ВИДЕО)

Македонци кои живеат или се на привремена работа во регионот на Северна Рајна-Вестфалија ги пречекаа со песна македонските репрезентативци пред „МСВ-арената“ во Дуисбург по големата победа над Германија од 1-2.

И покрај тоа што поради пандемијата на коронавирусот, натпреварот се играше без публика, Македонците од Дуисбург, Дизелдорф, Есен, Оберхаузен…, веднаш по крајот на мечот се појавија пред „МСВ-арената“ поздравувајќи го големиот успех на Пандев, Елмас, Адеми, Барди, Ристовски, Николов…, и останатите македонски хеори.

 

Се вчитува...