Манчестер јунајтед поради Трамп загуби рекордни 50 милиони фунти

Манчестер јунајтед објави загуба од 50 милиони фунти во САД откако претседателот Доналд Трамп го намали корпоративниот данок од 35 на 21% за да ја поттикне американската економија.

Тоа автоматски ја намали вредноста на бизнисите врзани со Јунајтед во сопственост на Глејзер, што во клупскиот финансиски извештај се покажа како загуба. Тоа е и најголемата загуба на Јунајтед од 2010 година. Но, причини за паника нема.

„Збор е за промена на даночната стапка која не влијаеше директно на финансиите со кои располага клубот. Долгорочно намалениот данок е добра вест за нас, но во овој период ќе се покаже како загуба. Ништо тоа нема да промени нешто околу актуелните активности во клубот“ – изјави директорот за финансии во Манчестер јунајтед, Клиф Бати.

И покрај оваа загуба, Манчестер јунајтед 2017 година ја заврши со 580 милиони фунти добивка, што е клупски рекорд а трансферот на Алексис Санчез донесе и рекордна продажба на дресови.

Се вчитува...