Спортскиот директор Џејсон Вилокс и тренерот Рубен Аморим денеска во името на Манчестер јунајтед му врачија пригоден подарок на капитенот Бруно Фернандеш по повод јубилејниот 100. погодок што Португалецот го постигна во дресот на „црвените ѓаволи“.
Фернандеш стигна до јубилејниот погодок на дербито со Челси, со што Бруно стана само 23. играч во историјата со трицифрен број на погодоци за овој англиски гигант.
„Секако, благодарен сум на сите оние со кои соработував од првиот ден во клубот. Сите асистенции, голови и пенали… тие не се само моја заслуга… Секако, среќен сум и горд што стигнав до 100 гола во гигант како Јунајтед, се надевам дека сите заедно ќе играме уште подобро и ќе донесеме нннови трофеи во клупските витрини“, изјави Фернандеш.
🖼️💯 pic.twitter.com/YAuaqZV3uf
— Manchester United (@ManUtd) September 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

