Манчестер сити го купи Фред за 44,5 милиони фунти, доаѓа на лето на „Етихад“

Лидерот на Премиер – лигата, тимот на Манчестер сити, ги договори условите за ангажман на Фред, бразилскиот фудбалер од Шахтјор Доњецк. „Граѓаните“ не успеаја да го комплетираат овој трансфер во зимскиот преоден рок, но го договорија неговото доаѓање по завршувањето на сезоната.

Фред е искусен играч за врска кој го восхити Пеп Гвардиола на меѓусебните натпревари во Лигата на шампионите. Шахтјор Доњецк успеа да му го нанесе првиот пораз оваа сезона на Манчестер сити, а потоа „граѓаните“ загубија и од Ливерпул.

Се вчитува...