Мане сега моли да се врати во Ливерпул

Откако во летниот преоден рок имаше голема желба да ја смени средината, Садио Мане после само неколку месеци се премислува, и сега сака назад на „Енфилд“. Сенегалецот, се чини направи грешка со тоа што го напушти тимот на Ливерпул, и замина во Баерн Минхен, каде минатата недела беше учесник во тепачка со Лерој Сане, по што беше суспендиран за натпреварот со Хофенхајм.

Мане си направи повеќе проблеми со трансферот во Баерн, отколку што имаше корист, па затоа сега „моли“ да се врати во старото јато.

Сенегалецот мина шест години на „Енфилд“, и освои се што можеше да се освои. Тој беше дел од Ливерпул од 2016 до 2022 година, пред да замине во Баерн. Беше најавуван како големо засилување за „Баварците“ но не ги оправда очекувањата, и на 20 меча постигна само шест гола што е премалку да се замени еден Роберт Левандовски кој отиде во Барселона.

Се вчитува...