Мануел Нојер во геј афера со избрканиот тренер од Баерн Минхен

Еден од најдобрите светски голмани Мануел Нојер  одеднаш се најде во центарот на скандал, откако Тони Тапаловиќ  кој од 2011 година е тренер на голманите на Баерн Минхен, доби отказ.

Нојер поради тоа целосно полуде, а тоа му создаде голем проблем во клубот. Нојер и Тапаловиќ имаа одлични односи и неочекуваниот отказ го погоди германскиот голман.
Откако се здоби со повреда на скијање на одмор по Мундијалот и имаше отворена скршеница на потколеницата, поради што од патеката со хеликоптер беше префрлен во болницата каде што беше опериран, Нојер почна да закрепнува. Во случајот со Мануел Нојер, јавноста е особено заинтригирана од шпекулациите дека врската со Тони Тапаловиќ била повеќе од пријателска.

На социјалните мрежи кружат пораки кои наводно ги испратил извор близок до Баерн. Тие пораки зборуваат за Нојер и за геј аферата со хрватскиот тренер на голманите. Секако, не може да се провери точноста на содржината на споменатите пораки, а споменатиот извор тврди дека Германецот е во врска со хрватскиот тренер.

„Ќе се дознае кога ќе ја заврши кариерата. Сега не може бидејќи е капитен на Германија и Баерн. Слушајте, тој беше оженет, никогаш немал деца и се развел. Луѓето велат дека платил за бракот за да изгледа како да е стрејт. Последниве пет години по ред, или нешто слично, тој оди во Хрватска со тренерот на голманите“, се дел од пораките објавени на германските медиуми. 

Се вчитува...