Мареј ги пропушта ОИ? „Моето тело не се чувствува добро на земја“

Енди Мареј би можел да испадне од трката за трет олимписки златен медал на Олимписките игри во Париз следниот месец, доколку не биде избран да игра на турнирот во двојки, изјави поранешниот британски рекет број еден.

Трикратниот Грен слем победник и двократен олимписки победник има право да се натпреварува во сингл на Игрите со две места резервирани за играчи кои претходно освоиле Грен слем или олимписки турнир. Сепак, Мареј би можел да ги пропушти двојките во Париз бидејќи на негово место Британија ќе ги испрати Џо Солсбери и Нил Скупски.

„Морам да видам што ќе се случи со Олимписките игри“, им рече тој на новинарите по поразот со 6:3, 6:4 од Маркос Жирон на АТП турнирот во Штутгарт во вторникот.

„Сè уште не сум 100 отсто сигурен каква е ситуацијата во двојки и дали ќе играм ако само одам во сингл. Не знам. Моето тело не се чувствуваше добро кога играв на земја во последниот месец. Имав многу проблеми со грбот, па не знам дали ќе одам само на сингл“, додаде тој.

Се вчитува...