Марек Хамшик се сели во Јапонија?

Словачкиот интернационалец Марек Хамшик доби понуда за да ја продолжи кариерата во Јапонија. За него се интересира Кашима антлерс, тимот кој учествуваше на Светското клупско првенство во ОАЕ. Тие сакаат да го доведат искусниот играч на Наполи во својот ростер по завршувањето на сезоната во Италија.

Хамшик влезе во последната година од неговиот договор со Наполи и се наоѓа пред сериозна одлука. Дали да ја заврши кариерата во Неапол или пак да ја прифати понудата на Кашима и да замине во земјата на изгрејсонцето. Тој го носи дресот на Наполи од 2007 година и постави клупски рекорди по бројот на настапи и постигнати голови, надминувајќи го Диего Марадона.

Се вчитува...