Тренерот на Челси, Енцо Мареска смета дека Ливерпул ќе ја одбрани титулата во Премиерлигата. „Црвените“ стартуваа со максимални пет победи во првите пет кола од шампионатот, а според Италијанецот, ако продолжат да играат вака, тогаш нема кој да ги сопре.
Ливерпул веќе има пет бодови предност пред Арсенал, Тотенхем и Борнмут. Иако има уште многу да се игра, менаџерот на „сините“ е убеден дека титулата ќе остане на Енфилд.
„Ако продолжат да играат вака, мислам дека е невозможно да бидат стигнати. Не само за нас, туку и за другите клубови. Тие вршат фантастична работа, а играчите одлучија да ги доведат ја покажуваат намерата на клубот повторно да се борат за трофеи во Премиерлигата и во Лигата на шампионите. Тоа е сосема јасно“, вели Мареска.
Ливерпул летово потроши дури 484 милиони евра за нови засилувања, а ги потпиша Алекасндар Исак, Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

