Марио Манџукиќ пред трансфер во Олимпик Марсеј

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ е на прагот на трансфер во францускиот прволигаш Олимпик Марсеј. Тој доаѓа како слободен агент откако пред одредено време го раскина договорот со Ал – Духаил. Одигра само пет меча за овој тим, а во екот на пандемијата на коронавирусот одлучи да се врати во Европа.

Тренерот на Олимпик Марсеј, Андре Вилјаш – Боаш има многу проблеми во нападот, па Хрватот би можел да биде одлично засилување. За Манџукиќ ова би бил настап во четвртата од петте најсилни фудбалски лиги во Европа.

Се вчитува...