Марио Манџукиќ се повреди на тренинг

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ се здоби со повреда на денешниот тренинг на Јувентус. Станува збор за мускулна повреда на левата нога и тој најверојатно ќе ги пропушти следните два натпревари на својот тим.

Во сабота „старата дама“ и гостува на Болоња во двобојот од осминафиналето во Купот на Италија, а потоа патува во Саудиска Арабија за мечот од Супекупот против Милан.

Од почетокот на сезоната 32-годишниот хрватски фудбалер има одиграно 21 натпревар во сите натпреварувања, има постигнато девет гола и четири асистенции.

Се вчитува...