Реномираната шпанска „Марка“ објави листа на најдобрите 100 спортисти во светот во 21. век. Најголемиот пливач на сите времиња, Мајкл Фелпс го доби епитетот за најдобар спортист на 21. век. Американецот е најтрофејниот олимпиец во историјата. Тој во кариерата освои 28 медали од Летните олимписки игри, од кои 23 беа најсјајни. Второто место му припаѓа на јамајканскиот спринтер Јусеин Болт кој во време кога Фелпс доминираше во базените, истото го правеше на атлетските патеки.
Третото и четвртото место им припаѓа на Роџер Федерер и Рафаел Надал, додека петтопласиран е Коби Брајант. Во топ 10 уште се наоѓаат и Тајгер Вудс, Лионел Меси, Луис Хамилтон, Валентино Роси и Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА