Ракометарите на Алкалоид продолжи со победите во Суперлигата, триумфирајќи над Струга со 44-27 во дуел во „Автокоманда“ во 10.коло.
Избраниците на Кирил Лазаров доминираа на теренот уште од самиот почеток, максимално оправдувајќи ја фаворитската улога. Домаќинот дојде до предност од 8-4, а потоа и 12-6, за до полувремето разликата да стане плус од седум гола (20-13). Вториот дел беше само рутина, за конечен триумф на Алкалоид.
Најдобар стрелец кај Алкалоид беше Емилијан Ѓорговски со седум гола. За РК Алкалоид во следното коло следи дерби со РК Вардар 1961, во недела од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Мечот го одбележа и враќањето на македонскиот репрезентативец, Марко Митев после долго време на терените, кој постигна два гола.
Митев се повреди на квалификацискиот дуел против Словенија за пласман на ЕП 2026. Кам-бекот на Митев е добра вест и за Македонија, која во јануари ќе игра на Европско првенство во Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

