Марсеј го предизвикува ПСЖ – Лесна победа против Ним за нови три бода (ВИДЕО)

Олимпик Марсеј триумфираше на гостувањето кај Ним со 0-2 во натпревар од 13. коло во француската Лига 1. Водство за гостите донесе Диего Бенедето во 57. минута, додека конечните 0-2 ги постави Валери Жермен 84. За издвојување е и црвениот картон на Кубас кој го доби во 77. минута и ги уништи сите шанси за позитивен резултат на домаќините.

Марсеј со победата се искачи на второто место на првенствената табела со 24 бода, односно еден помалку од лидерот ПСЖ, но и натпреавар помалку. Ним останува 16. со 11 бода.

 

 

Се вчитува...