Матеус од сега најавува уште еден трансфер од Дортмунд во Минхен

Легендарниот германски фудбалер и екс член на Баерн Минхен, Лотар Матеус кој сега работи како стручен коментатор, пред германската „фудбалска класика“ в сабота, најавува вуште еден трансфер од Дортмунд во Минхен. Баерн како по навика во последните десетина години ги носеше најдобрите фудбалери на Борусија на „Алијанц Арена“, тренд што според Матеус ќе продолжи и во наредниот период.

Тој смета дека сегашниот голман на „милионерите“ Грегор Кобел, би бил идеална замена за Мануел Нојер на голот на „Баварците“ кога тој ќе се пензионира.

„Ќе одам малку подалеку во иднината, но за мене Грегор Кобел би можел во иднина да биде замената за Мануел Нојер во Баерн. Ако до тогаш не излезе некојо подобар, тогаш сигурно Баерн ќе го ангажира“, рече Матеус.

Кобел во Борусија дојде на почетокот на оваа сезона, и токму тој е еден од заслужните што Борусија Д. е само бод до Баерн на првото место на табелата во Бундеслигата.

Во последните десетина години многу прашина кренаа неколку трансфери од Дортмунд во лутиот ривал. Последните се Матс Хумелс, Марио Геце, Роберт Левандовски… Хумесл и Геце потоа се вратија во таборот на „милионерите“, додека Левандовски и натаму е дел од „Баварците“.

Се вчитува...