Челси вчера во рамките од 4. коло го победи Милан на „Сан Сиро“ со 0-2, и така направи голем чекор кон следната фаза. Се чини решавачкиот миг се случи во 12. минута кога „росонерите“ добија црвен картон, а гостите од Лондон и пенал, со кој поведоа со 0-1, а потоа имаа и играч повеќе која на крајот им беше од голема корист за победата.
Томори дефинитивно го фати Маунт за рамото, но во последен миг го пушти, по што овој шутираше, Татарушану одбрани, меѓутоа германскиот судија Зиберт се реши да досуди пенал и да го исклучи стоперот на Милан.
Интересно е тоа што играчите на Милан бараа Зибер да гледа ВАР, но тој категорично одби и остана на својата одлука.
„Баш ми беше жал за Томори, мојот голем пријател. Мислам дека не стануваше збор за исклучување, а пеналот можеби беше, можеби не. Секогаш сум искрен и велам дека малку ме повлече, но не сакав да паднам, туку да продолжам кон голот затоа што бев во шанса“, рече Маунт и продолжи.
„Бев изненаден кога видов дека досуди пенал. Ми беше жал да го гледам Фикајо како излегува од теренот, и тоа е момент кој го сврте натпреварот во наша корист“, рече искрено Маунт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА