Мбапе: Мојата фамилија ќе одлучи дали ќе заминам од ПСЖ

Не е тајна дека великаните како Ливерпул и Реал Мадрид се заинтересирани за младиот Килијан Мбапе, а одлуката да го напушти Париз е единствено само негова. Во интервју за „Копа 90“, Мбапе откри од кого зависи дали ќе го напушти Пари Сен Жерермен.

„Ние секогаш донесуваме одлуки заедно, како семејство. Мислам дека тоа е многу важно. Моите родители се одговорни за тоа што сум денес и каде сум. Без нив, сето тоа би било невозможно, бидејќи кога имате тешки моменти во живтот, мора да се потпрете на некого “, рече Мбапе.

За време на интервјуто, Килијан зборуваше за тоа како донесува одлуки во договор со семејството, што е многу важно за него, бидејќи тие се неговата најголема поддршка во текот на неговата кариера.

„Без нив, мислам дека не би го постигнал тоа што го направив досега. Тие ми покажаа каква личност треба да бидам и благодарен сум што ги имам “, заклучи Французинот.

Одличниот фудбалер во последните години е голема желба на многу клубови од Европа, а дали Мбапе ќе се реши на трансфер во друг клуб, останува да видиме во периодот кој следува.

Се вчитува...