Килијан Мбапе одигра катастрофално европско првенство, во кое како еден од најдобрите напаѓачи во фудбалот не успеа да постигне ниту еден единствен погодок.
Дното беше допрено на синоќешниот дуел со Швајцарија, на кој Мбапе најпрвин не реализираше неколку убави шанси за гол, а потоа и го промаши клучниот пенал што значеше елиминација на Франција од ЕВРО 2020.
„Жалам за пеналот. Сакав само да помогнам на репрезентацијата, но не успеав. Сега тешко ќе се спие… За жал, и ова се случува во спортот што толку многу го сакам. Навивачи, знам дека сте разочарани, но сакам да ви се заблагодарам за поддршката, за тоа што секогаш верувавте во нас“, порача Мбапе преку своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА