Мбапе со прославата ги налути навивачите на Монако, а потоа следеше „лудница“ во соблекувалната на „кнезовите“ (ВИДЕО)

Во извонреден дерби натпревар Монако славеше со 3-2 против ПСЖ и тоа по неверојатен пресврт по водство на гостите од 0-2 на полувремето.

Фудбалерите на Монако одиграа фантастично второ полувреме за 3-2.

Сепак, во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе кој постигна два гола за ПСЖ против поранешниот клуб. Но, тоа што посебно ги налути навивачите на Монако е фактот дека Мбапе по секој од погодоците го бакнуваше грбот на ПСЖ иако се прослави играчи токму за дресот на нивниот клуб.

 

А, потоа следеше вистинска лудница во соблекувалната на Монако. Кратко се обрати и Нико Ковач кој им порача на фудбалерите:

„Погледнете што се е можно кога верувате во тоа…“.

 

Се вчитува...