Мечкаровски го пријави Бубања за вербален напад

Со многу тензија заврши денешниот првенствен дуел меѓу Победа и Шкупи во Битола. На крајот двете екипи ги поделија бодовите играјќи 3-3, но незадоволството остана кај прилепчани кои сметаат дека им беше украдена победата по признаениот гол на Емре Чан во 88. минута за конечни 3-3.

Од крајно сомнителна офсајд позиција Емре Чан го постигна израмнувачкиот гол, што наиде на огромен револт на фудбалерите и стручниот штаб на Победа.

По крајот на натпреварот се случи и мал инцидент, по кој главниот судија Димитар Мечкаровски и во официјалниот записник го пријави шефот на стручниот штаб на Победа, Славољуб Бубања за вербални навреди кон него на лична основа. Бубања, поради тоа, ќе биде предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Претходно, пак, во 92. минута поради неспортски однос исклучен беше и кондицискиот тренер на Шкупи, Орхан Абди.

Се вчитува...