Мејведер се префрлува на тренерската работа, и повторно сака да биде најдобар

Флојд Мејведер во кариерата ги доби сите 50 борби, станувајќи еден од најдобрите боксери на сите времиња, а сега планира да биде еден од најдобрите тренери во светот. Инспирација за тоа му е неговиот стрико Роџер Мејведер, и самиот поранешен боксерски шампион, кој беше долгогодишен негов тренер. Роџер минатиот месец почина на 58 години по долга и тешка болест.

„Секогаш покрај себе имав неверојатни тренери, меѓу кои беа мојот татко и мојот стрико. Неодамнешната смрт на мојот стрико Роџер ме инспирираше да им помогнам на сите оние околу мене, исто онака како што тој беше со мене низ целата моја кариера“ – вели 43-годишниот Флојд, на кого пандемијата на коронавирусот му ги отвори очите за да ја разбере важноста на заедништвото и помагањето на другите.

„Вистинскиот тренер сака да го извлече најдобрите од своите учеиници и да ги носи до освојување на неверојатните височини. Нов сум во помагањето на другите, но верувам дека може да бидам еден од најдобрите тренери во светот“ – вели Флојд Мејведер.

Се вчитува...