Легендарниот Џон Мекинро не можеше да го сокрие своето воодушевување од Новак Ѓоковиќ по неговата нова победа со пресврт во пет сета и пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос.
Мекинро по мечот во кој Ноле славеше против Аргентинецот Франциско Серундоло, рече дека досега во својот живот не видел вакво чудо како Ѓоковиќ.
„Долго сум во тенисот повеќе од 50 години, и како играч и како негов детален следач потоа, но вакво чудо како Новак Ѓоковиќ никогаш не сум видел. Ова што тој го прави е нешто неверојатно. Тој постојано и постојано ме воодушевува. Не знам искрено како успева во се ова што го прави. Искрено, не знам како пронаоѓа начин да победи во вакви услови. На свои 37 години добива два меча во пет сета, и тоа враќајќи се по 1-2. Ова е неверојатно“ – вели Мекинро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА