Менхенгладбах го шокираше Баерн, Лајпциг убедлив на гостувањето со Волфсбург (ВИДЕО)

Баерн Минхен доживеа неочекуван дебакл на гостувањето од Борусија Менхенгладбах губејќи со 3-2 во 21. коло од Бундеслигата.

Домашните со голот на Штиндл во 13. минута поведоа, за да Чупо-Мотинг во 35. минута израмни на 1-1.

Но, Менхегладбах со головите на Хотман и Турам во второто полувреме дојде до предност од 3-1, за да Баерн Минхен преку Тел во самиот финиш успее само да го ублажи поразот.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Менхенгладбах – Баерн Минхен 3-2

Бохум – Фрајбург 0-2

Штутгарт – Келн 3-0

Волфсбург – Лајпциг 0-3

Се вчитува...