Мертенс не дозволи изненадување во Неапол

Наполи многу потешко од очекувањата стигна до триумф на дуелот против Болоња, победувајќи го тимот на Филипо Инзаги со минимални 3-2.

Карло Анчелоти не можеше да смета на услугите на суспендираните Кулибали и Инсиње, како и на повредениот Хамшик, што придонесе „наполитанците“ да се мачат да го скршат отпорот на незгодните гости. Милик постигна два гола за водства од 1-0 и од 2-1, но „болоњезите“ успеаја да се вратат во натпреварот и преку Данило израмнија на 2-2 во 80. минута.

Сепак, сензација спречи Дрис Мертенс, кој на две минути до крајот со прецизен удар од дваесетина метри,  предизвика еуфорија на „Сао Паоло“.

Наполи останува на второто место на табелата со 44 бода, девет помалку од лидерот Јувентус, пет повеќе во однос на третопласираниот Интер.

 

Се вчитува...