„Меси одби 1,4 милијарди евра, сега му нудам бланко чек сам да си ја напише платата…“

Кога Лео Меси реши да си замине од ПСЖ, бројни клубови ширум светот се обидуваа да го доведат најдобриот фудбалер на сите времиња во своите редови.

Очекувано, најбогатата понуда од финансиски аспект пристигна од Саудиска Арабија, каде челниците на Ал Итихад не жалеа пари за да го доведат Меси во својот тим. Претседателот Анмар Ал-Хаили обелодени дека понудата што Аргентинецот ја одбил изнесувала неверојатни 1,4 милиони евра, а саудискиот милијардер откри и дека е подготвен сега повторно да тргне во офанзива по Меси, давајќи му на Лео самиот да си избере колкава плата би земал во Ал Итихад.

„Точно е, му нудев богатство, вкупно 1,4 милијарди евра беше понудата на Ал Итихад, но тој не сакаше ниту да разговара за детали бидејќи со семејството беше решен да се пресели во САД. Јас го почитувам неговиот избор, воопшто не се навредив, само сакам да знае дека вратите во Ал Итихад ќе бидат секогаш отворени за него. Ако сега сака да дојде, му давам бланко договор, самиот да си напише колкава плата би земал и на колку време би бил договорот. Ако тој стане дел од нашиот клуб, тоа би значело многу повеќе од пари, би славеле и пред почетокот на секој меч, само поради фактот дека го имаме најдобриот фудбалер на сите времиња во нашиот клуб“, изјави првиот човек на саудискиот фудбалски гигант.

Се вчитува...