Лео Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност појавувајќи се во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3.
Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо.
За жал на американскиот тим, ниту камбекот на Лео не беше доволен, аргентинскиот генијалец влезе во игра на почетокот од второто полувреме, не се покажа доволен за Интер Мајами да се пласира во следната рунда од натпреварувањето.
Американскиот тим имаше водство од 1-0 на паузата, Интер Мајами потоа поведе и со 2-1 во второто полувреме, но Домингез и Арчила донесоа целосен пресврт и ги елиминираа Меси и компанија.
Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻
Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn
— Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
