„Меси заврши со Барса, следното лето се сели во ПСЖ“

Лионел Меси на крајот на минатата сезона побара да замине од Барселона, но каталонскиот клуб одби да го продаде. Во Барселона се надеваа дека најдобриот фудбалер на светот ќе го промени мислењето, но веројатно тој и понатаму размислува во иста насока. Француските медиуми пренесуваат дека тој е најблиску до потпис со францускиот шампион Пари Сен Жермен.

„Меси следната година ќе игра за ПСЖ. Да, тотално сум озбилен кога го кажувам тоа. Меси ќе биде фудбалер на Пари Сен Жермен“, објави новинарот Даниел Риоло. 

Оваа информација доаѓа само ден подоцна откако Нејмар отворено изјави дека најголема желба му е да игра со Меси, но не во Барселона.

Се вчитува...