Шампионот во двојки од Вимблдон и од УС Опен, Роберт Фарах, нема да биде суспендиран од тенисот и покрај тоа што имаше позитивен допинг тест. Колумбиецот е на привремена суспензија од минатиот месец поради тоа што му беше пронајден „болденон“ на допинг-контрола. Сепак тој објаснуваше дека причината е месото кое го јадел до родната земја. Интернационалната тениска федерација проценила дека кај него нема вина.
Позитивниот тест поради кој Фарах го пропушти Австралија опен е од октомври минатата година. Тој го призна позитивниот резултат, но објави дека две недели пред тој тест имал друга допинг контрола која била негативна.
Во 2018 година, Фарах доби одложена суспензија и парична казна поради рекламирање сајт за обложување на социјалните медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА