Металург пристигна во Словенија: Подготвени за битка со Горење

ЕКИПА во Велење,

Стеван Цаневски

Ракометарите на Металург пристигнаа во Велење, каде утре ќе се сретнат со тимот на Горење во рамките од ЕХФ-Купот. Тренерот Зоран Кастратовиќ ќе го има на располагање специјалистот за дефанзива, Велко Маркоски, но во таборот на „металурзите“ ќе недостига искусниот Пецаковски, кој поради повреда воопшто не допатува во Словенија.

Во таборот на поранешниот македонски првак владее оптимизам дека со цврста игра во одбраната може да се стигне до позитивен резултат, па на реваншот во Скопје следниот викенд да се прослави и влегувањето во групната фаза од ова европско натпреварување.

Се вчитува...