Лукас Пакета во 2019 година пристигна во Милан од редовите на Фламенго, најавуван како „новиот Кака“ во трансферот вреден 35 милиони евра. Неполни две години подоцна, бразилскиот плејмејкер си заминува од „Сан Сиро“, откако воопшто не ги оправда очекувањата на италијанскиот гигант, ниту пак споредбите со својот сонародник.
Лион ќе биде новиот клуб на Пакета, откако беше постигнат целосен договор за трансфер. Французите ќе платат 18 милиони евра (плус три милиони преку неколку клаузули), понуда што „росонерите“ ја прифатиле и сега до крајот на преодниот рок ќе се обидат да ја реинвестираат оваа сума за дополнително да го засилат играчкиот кадар.
Весникот „Газета дело спорт“ објави дека Пакета утрово пристигнал во тренинг-центарот на Милан, каде се поздравил со соиграчите пред заминувањето за Франција. Бразилецот одигра вкупно 37 средби за Милан во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи само еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА