Милан ја загуби трката за Фабрегас, ама си донесе засилување од Сасуоло

Италијанскиот калчолигаш Милан не успеа да го ангажира Цеск Фабрегас како засилување за средниот ред, но, сепак, Џенаро Гатузо ќе добие нов играч. Шпанецот ќе замине од Челси во Монако, а на „Сан Сиро“ пристигнува Стефано Сенси. Тој до крајот на сезоната ќе настапува во дресот на „росонерите“ како позајмен играч, со право за комплетно откупување на неговиот договор.

Стефано Сенси има 23 години и во Сасуоло пристигна во 2016 година од редовите на Чезена.

Се вчитува...