Милан остана со празни раце, Муриел ја избра Фиорентина

Проблематичен е овој период за Милан, тимот се мачи да победува на теренот, а директорите никако не успеваат да ги доведат посакуваните засилувања. Последен пример е Луис Муриел, колумбискиот напаѓач чие доаѓање од Севилја беше речиси договорено, за на крајот самиот фубалер да одбие да дојде на „Сан Сиро“ и за своја следна дестинација да ја избере Фиренца.

Милан претходно ги имаше договорено условите за шестмесечна позајмица на офанзивниот фудбалер, но откако Фиорентина ја израмни таа понуда пресуди желбата на самиот играч Муриел не веруваше дека ќе биде стандарден првотимец поради големата коонкуренција во Милан, поради што на крајот реши овие наредни шест месеци да ги мине во дресот на Фиорентина.

За колумбискиот репрезентативец ова е враќање назад во Калчо-лигата, каде со голем успех го носеше дресот на Удинезе и на Сампдорија.

Се вчитува...