Милан по продолженија до четвртфинале во Купот на Италија

Милан се пласираше во четвртфиналето од Купот на Италија по победата дури во продолженија на гостувањето против Сампдорија од 0-2.

Херој за „миланезите“ е Патрик Кутроне кој влезе во игра во 91. минута од средбата. Кутроне ги постигна двата погодоци, во 102. и во 108. минута за победа на тимот од Милано, од кои оној вториот вистинско ремек дело со волеј удар од 16 метри.

Претходно, место во четвртфиналето обезбеди и Лацио по убедливата победа од 4-1 против Новара.

Се вчитува...