Милан со играч помалку до бод на „Ренато Дал’ Ара“

Милан остана непоразен на гостувањето против Болоња, ремизирајќи без голови на стадионот „Ренато Дал’ Ара“. Тимот на Џенаро Гатузо последните петнаесетина минути беше со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Тиму Бакајоко. Играчот за врска на „росонерите“ во период од само три минути заработи два жолти картони и беше исклучен.

Палацио во првиот дел ја имаше најсрелата шанса за Болоња, а во вториот дел Милан се закани преку Чалханоглу. Но, немаше победник на овој дуел.

Милан со 27 бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Серија А.

Се вчитува...