Милан со помош на ВАР избегна пораз од Фросиноне

Милан продолжува со неубедливи игри и резултати во Серија А на крајот од 2018 година. „Росонерите“ извлекоа реми без голови на гостувањето против Фросиноне, а за тоа можат да им благодарат на ВАР-системот и на голманот Џанлуиџи Донарума.

Во 37.минута, Камилио Чиано постигна погодок за Фросиноне, но по прегледување на ВАР-снимката, судијата Марко Гуида не го призна поради прекршок во напад. Во завршницата, Џанлуиџи Донарума со извонредна интервенција го спаси својот гол исто така по шут на Камилио Чиано, најопасниот домашен фудбалер.

Се вчитува...