Милевски: Додека имаме шанси ќе се бориме за првото место

Селелкторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот за последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември).

Селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски вели дека фудбалерите и покрај сите проблеми ќе дадат се од себе за првото место…

„Овие момци веќе редовно не изненадуваат, посебно кога тимот се соочува со проблеми. Момците секогаш покажуваат дека се во состојба да се стават во функција на тимот. Тие проблеми ни даваат дополнителен мотив и додека постојат шанси ќе дадеме се од себе за да го освоиме. Овие мечеви во Лига на нации ги користиме за дооформување на ликот на тимот за тоа како треба да изгледа во иднина. Планирав освежување на тимот, пред се на овие мечеви во Лигата на нации“, вели Милевски. 

Собирот на репрезентацијата е закажан за 19. септември во хотелот „Хилтон“ во 12 часот.

 

 

Се вчитува...