Милевски за мартовските натпревари со повик и за Давор Здравковски

Фудбалерот на АЕЛ Лимасол, Давор Здравковски ќе има можност да дебитира за сениорски национален тим на Македонија, откако доби повик за мартовските натпревари. Македонија овој месец ја чекаат натпревари против Малта во квалфиикациите, и пријателски дуел со Фарски Острови. Двата меча се играат во Скопје.

Здраковски досега ги мина сите младински категории на Македонија, и ова ќе му биде прв повик во сениорскиот национален тим, каде треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред на репрезентацијата. Тој беше дел од младата репрезентација токму во миговите кога на нејзино чело беше Благоја Mилевски, сегашниот селектор на „А“ националниот тим.

24-годишниот Здравковски веќе петта година е дел од АЕЛ Лимасол, каде што во моментов е капитен на екипата на која добро и оди и во првенството, и во Купот. Негов тренер е екс селекторот Чедомир Јаневски.

Се вчитува...