Милинковиќ-Савиќ: Плачев затоа што многу ми олесна…

Репрезентативецот на Србија, Сергеј Милинковиќ – Савиќ по долго време успеа да се запише во листата на стрелците во дресот на Лацио.

Во победата над Калјари од 3-1, Србинот го постигна првиот гол за „лацијалите“ по што брзна во плач, со што даде до знаење низ каков турбулентен период минува.

„Зошто заплакав? Не знав како да го прославам тој гол, а многу го очекував… После него се како да ми олесна. Им благодарам на сите соиграчи кои веднаш ми пристапија да ме поддржат. Тие знаеја колку тој гол ми значи“ – вели Милинковиќ-Савиќ и дополнува:

„Долго не сме победиле, па затоа бевме среќни за победата. Конечно сме насмеани, и полни со енергија. Игравме подобро, малку го променивме начинот и тоа беше клучно. Постигнав гол и се надевам дека ќе продолжам на ист начин“.

Се вчитува...