Милинковиќ-Савиќ постигна гол по цели три месеци, па се расплака… (ВИДЕО)

Лацио дојде до убедлив триумф од 3-1 против Каљари во 17. коло од Серија А во меч во кој српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ конечно постигна погодок по пауза од цели три месеци.

Милинковиќ-Савиќ во 12. минута прецизно стрелаше за почетно водство на „лацијалите“…

Потоа, во 23. минута Франческо Акерби зголеми на 2-0, а 3-0 донесе Лулиќ во 67. минута… Гостите само преку Жоао Педро од пенал во 92. минута ублажија за конечни 3-1…


Лацио по оваа победа со 28 бода се проби на четвртата позиција на табелата пред Милан.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...