„Милионерите“ банкротираа во Лајпциг (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд загуби и со тоа го остави Баерн Минхен осамен на врвот на Бундеслигата. „Милионерите“ банкротираа на теренот на Лајпциг, и поразени се со 2:1. Проблемите кои ги има тимот на „црно-жолтите“ беа ненадминливи. Тие немаа лев бек, и играа без Халанд, а тоа ги чинеше пораз.

Нкунку во 29. минута постигна гол за водство. По супер акција, Нкунку го мина и Кобел, и стрелаше во мрежата. На стартот од вториот дел Ројс успеа да израмни по додавање на Мение.

Сепак, Полсен во 68. минута погоди по една акција на Лајпциг, носејќи голема победа за домашниот тим, а Дортмунд го бележи вториот пораз по оној од Ајакс во средата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...