„Милионерите“ бесни на судијата по дербито: Што очекувате од судија кој местел натпревари?

Ѕвездите на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, Марко Ројс и Џуд Белингем во изјавите после дербито со Баерн, го нападнаа судијата Феликс Цвајер. Борусија на домашен терен загуби 3:2 со сомнителен пенал, а претходно не беше досуден удар од белата точка врз Ројс, нешто кое го призна и Томас Милер.

„Судењето беше скандалозно. Чист пенал врз Ројс. Го прашав судијата зошто не отиде да гледа, а тој арогантно ми кажа дека нема потреба. Морам да се смирам, но беше арогантен. Нема ништо да кажам“, рече Халанд.

Ројс имаше што да каже.

„Не бев сигурен дека пеналот врз мене е чист, но кога ја видов ситуацијата мислам дека судијата мораше да оди да гледа. Пеналот досуден за нас е престрог. Матс сакаше да ја удри топката со глава, а за да дојде до неа му треба останатиот дел од телото“, рече Ројс.

Белингем потсети на скандалот на Цвајер.

„За мене тоа не е пенал. Матс не ја гледаше топката, туку се пробиваше низ играчи и таа го погоди во рака. Може да ги преиспитате и другите одлуки, но што да очекувате од судија кој местел натпревари?“, праша Белингем.

Се вчитува...