„Милионерите“ на лето добиваат две засилувања од Менхенгладбах

Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок ќе добие две засилувања од таборот на Борусија Менхенгладбах. Станува збор за играчот од средниот ред Денис Закарија, како и за стоперот Матијас Гинтер.

Гинтер веќе беше дел од Борусија од 2014 до 2017 година, но откако не добиваше многу шанса, се реши да се пресели во Менхенгладбах, каде во меѓувреме во облече дресот на германската репрезентација, и кој стана најдобар играч во Бундес-лигата во 2020 година.

Закарија, пак, се споменува како ново засилување уште во јануарскиот преоден рок, но ако не се договорат, тогаш ќе го чекаат до лето. Двајцата треба да се преселат во Дортмунд како слободни играчи. Марко Розе добро ги познава затоа што ги тренираше во „Менш“.

Во последните неколку години Дортмунд често оди на „шопинг“ во Менхенгладбах. Од таму пристигнаа Торган Азар и Махмуд Дахуд.

Се вчитува...