Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е трансферна цел на англискиот премиерлигаш Саутемптон, пренесуваат медиумите од Островот.
23-годишниот Миовски игра во извонредна форма по доаѓањето во дресот на Абердин, запишувајќи го својот 15-ти гол викендов во Премиерлигата на Шкотска за победа на неговиот тим од 1-0 против Ливингстон.
Сето тоа носи интерес од голем број екипи од Островот, меѓу кои најновиот е Саутемптон кој сезонава се бори за опстанок во Премиерлигата на Англија. Миовски сезонава има вкупно 17 погодоци за Абердин на официјалните натпревари, вклучувајќи ги и оние два во Купот на Шкотска.
Претходно интерес за македонскиот напаѓач имаше и од француски Рен но и италијански Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА