Миовски го постигна 12. гол за Абердин во Премиерлигата, но не успеа да го спаси од трет пораз по ред (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна 12-от гол сезонава за Абердин во Премиерлигата на Шкотска, но не успеа да го спаси својот тим од пораз и во третиот едноподруго натпревар во лигата.

Абердин во 24. коло загуби на домашен терен од Сент Мирен со 1-2.

Гостите поведоа во првото полувреме, а Бојан Миовски успеа да погоди од пенал во 74. минута за 1-1.

Сепак, гостите со голот на Меин во 81. минута повторно се вратија до предност од 1-2, за да во 91. минута Галагер заокружи на конечни 1-3.

Се вчитува...