Мирчевски и соиграчите се вистински херои: Фудбалерите на ТСЦ спречиле голема катастрофа (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој игра за ТСК Бачка Топола и уште четворица негови соиграчи се херои во голем верижен судир на северот на Србија во кој учествувале дури 12 возила меѓу кои имало и камион.

До несреќата дошло поради големиот ветер кој ја носел земјата од околните ниви, се создала песочна бура, па видливоста била минимална. За среќа нема загинати, има само потешко повредени кои биле префрлени во најблиските болници.

Сообраќајката веројатно немала фатални последици и поради фактот што пет фудбалери од ТСК Бачка Топола спречиле поголема катастрофа.

 

Се вчитува...