Мирковски: Нема многу време за жалење, веднаш мислиме на Гостивар

Тимот на Куманово го забележа првиот пораз оваа сезона во Првата македонска кошаркарска лига. На гостувањето во Скопје против ФМП Академија избраниците на Владимир Мирковски беа поразени со 91-89 во еден неизвесен натпревар кој на крајот можеше да заврши во било кој правец.

„Се почувствува заморот во нашата екипа. Тежок натпревар кој на крајот одлучија слободните фрлања, но немаме многу време за жалење, одиме напред. Не очекува тежок натпревар против Гостивар на домашен терен на кој ќе се обидеме да се рехабилитираме и да победиме“ – вели за ЕКИПА, тренерот на Куманово.

Брзиот ритам за сино-белите продолжува, а дуелите помеѓу Куманово и Гостивар во претходните сезони ни прередија одлична кошарка. Гостивар е оној кој води со 4-1 во последните пет меѓусебни дуели, меѓутоа два од нив беа одлучени во еден посед.

Се вчитува...